15.8 C
Skopje
Monday, September 20, 2021

Демократскиот сојуз: Бракот помеѓу судот и политиката да се раскине

Најчитани вести

Мегааферата „Рекет“ јасно и недвосмислено ги потврдува оценките дека постои спрега помеѓу центрите на моќ, политичкото и бизнис-подземјето, како и мафијата, која е сè подобро организирана и присутна во Македонија, велат од Демократскиот сојуз.

„ДС критички ја опсервира работата на правосудните органи и се залага за нивна самостојност и одговорност во извршувањето на обвинителската и судската дејност. Демократскиот сојуз постојано се залага за генерален реизбор на обвинителите и судиите, како и коренити реформи во поставеноста на судскиот систем, изборот и обуката на судиите, градење механизми за незавизност, двостепеност на постапките, развиен и објективен контролен механизам над судиите и слично“, се вели во соопштението.

Целокупното наше залагање, додаваат од партијата, е да имаме високопрофесионални, одговорни и добро платени судии со висок професионален и морален интегритет.

„Цврсто сме определени политичарите, особено извршната власт, да не се меша во работата на судовите. Без реформи во судството, нема владеење на правото и во право е обвинителката Русковска – нема ниту влез во Европската Унија“, велат од ДС.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com