28.8 C
Skopje
Thursday, August 5, 2021

Демирал: Роналдо ме дочека со војнички поздрав

Најчитани вести

Tурскиот репрезентативец Мерих Демирал откри дека Кристиано Роналдо во Торино го дочекал со војнички поздрав.

Многу прашина во јавноста крена салутирањето на репрезентативците на Турција во натпреварите против Албанија и Франција во квалификациите за Европското првенство. На тој начин фудбалерите сакаа да оддадат почест на нивните војници кои се на северот на Сирија.

Дел од јавноста го поздрави нивниот гест, а од дел беа критикувани. Сега Демирал објасни дека тој добил поддршка од Роналдо.

„Кога се вратив во Торино на тренингот ме дочека Роналдо со војнички поздрав. Бев изненаден, но исто така и горд“, изјави Демирал.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести