13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Дел од членовите на Владата на одмор до 12 август

Најчитани вести

Членовите на Владата од 3 до 12 август користат денови од годишен одмор. Владата на официјалната фејсбук-страницата соопшти дека секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видеоконференциска врска и, како што наведува, навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки.

– Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно, објави Владата.

Овие денови теренската координација е обезбедена од првиот вицепремиер Артан Груби, министрите за одбрана, за транспорт и врски и за земјоделство Радмила Шекеринска, Благој Бочварски и Арjанит Хоџа, министерот и заменик-министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шакири и Александар Бајдевски, министерката и заменик-министерот за образование Мила Царовска и Арафат Шабани и заменик-министрите за внатрешни работи, за животна средина, за труд и социјала, за здравство и за правда, Назим Буши, Христина Оџаклиеска, Енвер Хусин, Илир Хасани и Агим Нухиу.

-Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет-координација со сите ресорни министерства и надлежни институции, се наведува во објавата на Владата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com