Home » Дел од запленетиот имот на Мијалков ставен на лицитација

Дел од запленетиот имот на Мијалков ставен на лицитација

by Журнал.мк

Два стана во Охрид, земјиште во Морани, плац на Кожуф – дел од недвижниот имот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, запленети во случајот „Империја“, е ставен на аукција.

Јавното електронско надавање е закажано за 25-ти август. За недвижностите ќе можат да се наддаваат сите физички и правни лица. Од Агенцијата за одземен имот, велат дека доколку се јави само еден понудувач, јавното надавање нема да се одржи.

Станови, апартмани, земјоделски и градежни парцели се дел од имотот кој Мијалков го даде за да добие помала казна затвор во случајот „Империја“, со признавањето вина. Осуден е на три години затвор и конфискација на имот и акции во вредност од 36 милиони евра. Сите ќе се најдат на лицитација.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More