9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

Дел од жителите на Евија поради пожарот ноќта ја поминаа во ферибот

Најчитани вести

Подобрена е ситуацијата со пожарот во северниот дел на грчкиот остров Евија, меѓутоа огнената стихија сè уште не е ставена под контрола, а дел од жителите ноќта ја поминаа во ферибот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на ноќта пожарникарите и локалното население во повеќе села на островот водеа битка за да се спасат домовите и да се спречи дополнително ширење на пожарот и да се ограничат жариштата што се на повеќе различни локации.

Жителите на селото Пефки, но и на околните села, ноќта ја поминаа на плажата и во фериботот во кој беа пренесени евакуираните, меѓу кои и стари лица и лица со здравствени проблеми.

Северниот дел на Евија гори веќе седми ден, а според противпожарната служба на Грција, интервенираат 620 пожарникари со 35 пешадиски тима и 131 возило, меѓу кои и противпожарните сили од Украина, Романија и Србија.

Од воздух, подготвени за интервенција се пет хеликоптери и пет авиони меѓу кои и авионот Бериев-200 .

Освен на Евија, во Грција активни се пожарите и во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и во областите Илија, Месинија и Лаконија на Пелопонез.

За справување со пожарите во Грција помош испратија над 20 земји: Кипар, Франција, Хрватска, Шведска, Романија, Шпанија, Чешка, Германија, Полска, Словачка, Австрија, Украина, Израел, Швајцарија, Египет, Велика Британија, Кувајт, Катар, Молдавија, Обединетите Арапски Емирати, Србија како и ЕК, а премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис преку „Твитер“, во име на грчкиот народ се заблагодари за меѓународната помош и поддршка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести