10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Дел од бугарските пожарникари кои помагаа во гасење на пожарите во земјава се вратија во Бугарија

Најчитани вести

Првата група на бугарски пожарникари кои беа испратени да помогнат во гаснењето на пожарите во Северна Македонија се вратија во Бугарија. Бугарската национална телевизија (БНТ) јави дека 25 пожарникари се вратиле во Благоевград и Смолјан. Тие една недела со три противпожарни возила се бореа со пожарите во Северна Македонија.

Бугарските пожарникари беа испратени на 4 август кога пожарот се приближуваше кон бугарската граница.

– Директорот на Противпожарната бригада во Благоевград, Георги Пармаков изјави дека пожарите во Северна Македонија биле од големи размери кога отишле во Делчево и Пехчево. Тие работеле во селото Чифлик, а следниот ден кога пожарот се проширил во повеќе правци и им се заканувал на неколку села во областа, бугарските пожарникари морале многу брзо да се преселат од Пехчево кон Истевник, поминувајќи низ оган. Пристигнувајќи во селото, тие заедно со своите македонски колеги почнуваат да го гаснат пожарот и да го ограничуваат за да не се префрли на куќите на локалното население. Во гаснењето помагаа и пожарникари од Австрија и Словенија, се вели во извештајот на БНТ.

Според БНТ, во Северна Македонија има останато уште 27 бугарски пожарникари кои ќе продолжат да помогаат до целосно гаснење на пожарите.

Бугарските пожарникари беа испратени во Северна Македонија откако бугарската Влада одговори на повикот за помош на почетокот на август.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com