-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Дела на домашни и на странски копаничари изложени во Кавадарци

Најчитани вести

Во просториите на Локален музеј – Галерија Кавадарци, вечерва од 18 часот, ќе биде отворена 67. Меѓународна изложба на копаничари. Изложбата има меѓународен карактер и ќе бидат застапени дела од домашни копаничари и од копаничари од Србија. Гости на вечерта се дуо „Grazioso“ со м-р Кристина Палија-сопран и д-р Невенка Дуковска-пијано.

Здружението на копаничари на Македонија е основано во 1993 година со широка активност на организирање колонии и изложби, каде што артистите изработуваат и се претставуваат со своите уметнички дела, од најразлични мотиви и во сите копаничарски техники на изработка.

  • Здружението на копаничари на Македонија има намера да се пополни празнината во едукација на копаничарскиот кадар со копаничарски колонии, овозмoжувајќи на тој начин размена на копаничарски искуства и пренесувања од постари на помлади копаничари – соопштуваат од Здружението.

Со презентирање на делата преку изложби и афирмација на копаничарите како од нашата држава така и од други држави, колониите и изложбите добиваат меѓународен карактер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com