Home » Девојче пронајдено живо 90 часа по земјотресот, спасувачите слушнале звук под урнатините

Девојче пронајдено живо 90 часа по земјотресот, спасувачите слушнале звук под урнатините

by Журнал.мк

Десетгодишно девојче е пронајдено живо деведесет часа по земјотресот што во понеделникот ја погоди Турција, соопштија спасувачки тимови. Според соопштение, првото нешто што девојчето го побарало откако било спасено било млеко. Таа била заробена под урнатините на зграда во провинцијата Хатај, јавија турски медиуми.

Спасувачки тим од Анталија слушнал „звук под урнатините“ и го спасил девојчето по седум часа работа. Девојчето било пренесено во болница за укажување лекарска помош.

Спасувачите се уште работат и по речиси 100 часа по силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, каде загинаа најмалку 21.000 луѓе.

Во Турција, најмалку 17.674 луѓе загинаа, а 72.879 други се повредени. Во земјотресот загинаа најмалку 3.377 луѓе во соседна Сирија

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk