-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Девојките полудеа по згодниот актер: Глуми негативец, а приватно е голем заводник

Најчитани вести

Ако припаѓате на групата луѓе кои не можеа да ѝ одолеат на хит серијата “Stranger Things”, тогаш сигурно сте запознаени со ликот на Били Харгроув кој го толкува 24-годишниот актер Дејкр Монтгомери.

Иако во серијата е еден од главните негативци, особено во третата сезона, во реалноста овој актер е тотална спротивност.

Имено, во неодамешното интервју за магазинот “GQ”, Дејкр открил дека во слободно време се занимава со јога, не пие алкохол, не пуши цигари и дека најголемиот порок му е – чоколадата.

Освен со актерство, овој млад Австралијанец се занимава и со пишување на поезија која ја претставува на својот подкаст “DKMH”. Во истото интервју открил и дека пред неколку години завршил и курс за уредување на ентериер и дека тоа прилично го интересира во деловна смисла. Звучи нереално, зарем не?

Дејкр е во среќна врска со австралиската манекенка Лив Полок веќе подолго време.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести