33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Девојка го „откачила“ Бен Афлек на апликација за состаноци бидејќи не верувала дека е тој, актерот ѝ испратил видео на Инстаграм

Најчитани вести

Авторката Нивин Џеј неодамна го споделила своето искуство со познатиот актер Бен Афлек, а нејзиното видео на ТикТок стана хит на социјалните мрежи.

Нивин вели дека ја користела селебрити апликацијата за љубовни состаноци „Raya“ кога наводно наишла на Афлек. Бидејќи помислила дека станува збор за лажен профил, таа го изигнорирала. Потоа, добила кратко видео на социјалната мрежа Инстаграм.

„Се сеќавам на времето кога апликацијата ме спои со Бен Афлек на „Raya“ и помислив дека е лажен профил, па се откажав. Набрзо потоа ми испрати виео на Инстаграм“, вели Нивин во видеото.

На двократниот оскаровец тоа очигледно не му се допаднало, па ѝ испратил кратко видео во кое ѝ кажал:

„Нивин, зошто се откажа? Тоа сум јас!“, а видеото го завршил со суптилна насмевка.

„Веројатно се јадеш од тага бидејќи си го откачила Бен. Но, секоја чест девојко“, „Добра препорака за работа е да кажеш дека Бен Афлек се заинтересирал за тебе“, ѝ коментирале следбениците.

Инаку, Афлек кон почетокот на годината раскина со актерката Ана де Армас по една година врска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести