Девет претстави на македонските професионални театри се во официјалната конкуренција за награди на годинашниов 57-ми Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој од 9 дои 16 јуни ќе се одржува во Прилеп. Ќе го отвори претставата „Инферно“ на велешкиот театар. Годинашни добитници на наградата за животно дело се актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски.
Фестивалот го отсликува моментот во театарската уметност кај нас. Доминираат креативноста на актерската игра, автентичните режисерски естетики, но нема претстави по текст на домашни автори.
Фестивалот иницира откуп на драми од македонски автори. Во програмата се и седум претстави од независната продукција, две од придружната програма и една дипломска претстава. Се враќаат разговорите на тркалезната маса и нова програма „Автор во фокусот“. Годинава е драмскиот писател и есеист Коле Чашуле.
Фестивалот ќе го затвори претставата „Последниот балкански вампир“ на „Српско народно позориште“ од Нови Сад што ќе биде и во чест на наградените.