Home » Деветнаесет држави обезбедуваат редовна воена помош за Украина, Германија ќе испорача 2.700 ракети САМ

Деветнаесет држави обезбедуваат редовна воена помош за Украина, Германија ќе испорача 2.700 ракети САМ

by Журнал.мк

Воена помош, вклучително и најсовремено оружје, муниција и гориво, на Украина на редовна основа и обезбедуваат 19 држави, с соопшти Министерството за надворешни работи на Украина, пренесува Укринформ.

„Деветнаесет земји редовно ни испраќаат најмодерно оружје, муниција, заштитна опрема, медицинска опрема и гориво за потребите на украинската армија“, соопшти Министерството за надворешни работи.

МНР додаде дека дипломатите се во интензивни разговори за да добијат од партнерите дополнителни борбени авиони за воздухопловните сили во најкус можен рок.

Германското федерално министерство за економски прашања го одобри снабдувањето на Украина со 2.700 ракети земја-воздух (САМ).
Релевантната изјава ја даде германската агенција ДПА, јавува дописникот на Укринформ.

Ова се однесува на противвоздушните ракети „Стрела“ од советско производство, кои се дел од залихите на армијата на поранешната Демократска Република Германија.

Во текот на изминатите неколку дена, германското федерално министерство за одбрана проверуваше за друго оружје што би можело да им го достави на вооружените сили на Украина во време на војната што ја започна Русија.

Потсетување дека неодамна Украина ја доби првата серија оружје од Германија, односно 1.000 противтенковски оружја и 500 ракети земја-воздух Стингер.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk