Home » Деветгодишно девојче е убиено, а двајца возрасни повредени во престрелка во Ливерпул

Деветгодишно девојче е убиено, а двајца возрасни повредени во престрелка во Ливерпул

by Журнал.мк

Деветгодишно девојче е убиено, а двајца возрасни повредени во престрелка во Ливерпул. Инцидентот, според полицискиот извештај, се случил синоќа околу 22 часот по локално време. Полицијата трага по напаѓачот.

Деветгодишно девојче се здобило со прострелна рана во градниот кош и во критична состојба било пренесено во болница, каде што подоцна починало.

Две лица се пренесени во болница со прострелни рани. Мажот се здобил со прострелни рани по телото, а жената со прострелна рана во раката.

Полицијата соопшти дека непознат маж упаднал во имотот околу 22 часот по локално време и испукал со пиштол.

– Ова е навистина шокантен инцидент во кој трагично загина млада и невина девојка која, за жал, почина. Нашето сочувство до семејството и пријателите во овој многу тежок момент, нашите мисли се со нив. Ниту еден родител не треба да доживее загуба на дете во овие ужасни околности. Ова злосторство е одвратно и нашите заедници треба да излезат и да ни кажат кој е одговорен“, рече заменик-шерифот Џени Симс.

Истрагата е во тек.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk