0.8 C
Skopje
Saturday, January 28, 2023

Деблокада на преговорите со Скопје е приоритет и морално прашање за Пахор

Најчитани вести

Словенечкиот претседател Борут Пахор нагласи денеска дека една од првите задачи при претседавањето на Словенија со ЕУ ќе биде деблокирање на почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија. Според него, тоа е „морално прашање“.

– Мислам дека треба да најдеме начин Бугарија да и даде зелено светло на Македонија.Тоа сега е морално прашање за Европа, а не само политичко – изјави Пахор за словенечката новинска агенција СТА, пред преземањето на претседателството со ЕУ на 1 јули.

„Свесен сум дека нема да биде лесно, освен тоа, се чини дека има уште повеќе можности Албанија да добие зелено светло“, рече Пахор, но додаде дека од гледна точка на Скопје, ова би било доста трагично.

Тој додаде дека напредокот во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е важен за стабилноста на регионот и дека ситуацијата сериозно ја покажува неодамнешниот указ на американскиот претседател Џо Бајден за замрзнување на имотот и забрана на секој што придонесува за дестабилизација на тоа подрачје

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести