17.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

Деби за електричната Mazda MX-30

Најчитани вести

Конечно и Mazda реши да влезе во „електричната трка“. Електричното деби се случи на Саемот за автомобили во Токио.

Новиот адут во гамата на Mazda e МХ-30. Сосема е логично што моделот доаѓа од SUV сегментот, ако се има во предвид побарувачката за овој вид возила веќе неколку години по ред.

Јапонскиот бренд не би бил тоа што е без неговиот уникатен пристап кон автомобилизмот. Таков е случајот и во овој случај и иако податоци за сите пазари нема, точно се знае што ќе дојде во Европа.

Моделот MX-30 на Стариот континент ќе биде достапен со еден мотор кој развива 143 КС, додека батеријата ќе има капацитет од 35,5 kWh. Сето ова заедно овозможува вкупно 190 километри автономија, што ќе признаете е малку споредбено со она што се нуди на пазарот.

Но, од Mazda велат дека за тоа не се гружат бидејќи нивниот акцент е ставен на спортските амбиции на овој теренец, односно задоволството при возење. А што точно од перформанси ќе понуди MX-30 се уште не е јасно, бидејќи Mazda не дава премногу детали.

Што се однесува до самиот изглед, јапонскиот бренд не отстапил многу од стилот што го „тера“ веќе неколку години наназад. Електричниот модел е прилично атрактивен автомобил, со еден впечатлив детал што отскокнува од се друго – задната врата е во стилот на RX-8. Почит кон традицијата, што рака на срце и не е особено практично.

Кога станува збор за ентериерот, присутни се сите концепти на модерен автомобил. Инструмент-таблата нормално е дигитализирана, а има уште два екрани. Едниот над централната конзола кој служи за прикажување информации, додека другиот е поставен на централната конзола и има за задача да го контролира инфо-забавниот систем. Изгледот на овој дисплеј не изгледа особено практичен или употреблив, но треба да почекате и да го проверите кога овој модел ќе биде достапен за тестирање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести