12.8 C
Skopje
Saturday, November 27, 2021

Дебата за состојбите во македонската економија пред и по пандемијата

Најчитани вести

Премиеротот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ќе се обратат на Свеченото собрание на Организацијата на работодавачи, информира владината прес-служба.Дополнително премиерот Заев ќе учествува и на дебата на тема „Македонската економија пред и по пандемијата” заедно со Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија, Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања, Марјан Петрески, професор, Американ колеџ Скопје, како и со Јулија Друмеа, Канцеларијата на МОТ за Централна и Источна Европа, Меѓународна организација на трудот.

На дебатата, како што информираат од ОРМ, ќе се говори за македонската економија пред и по пандемијата со Ковид-19, каде говорниците ќе зборуваат за актуелните случувања и предизвиците со кои се соочи земјава во изминатиот период, но и можностите за економскиот развој по пандемијата.

– Владата на Македонија донесе сет економски мерки и директна помош која беше носочена кон граѓаните и стопанството за да ги ублажи последиците од Ковид-19, но сепак за дел од бизнис заедницата овие мерки не беа доволни. Целокупната состојба изврши силен удар врз работодавачите, дел од нив се прилагодија и успешно ги реструктуираа своите бизниси, но сепак за дел од работодавачите кризата означуваше и затварање на многу работни места или пак затварање на економската активност. Девет сектори во кои се ангажирани 62 отсто од вкупниот број вработени во стопанството се најмногу погодени од кризата, а дури 40 000 работни места се наоѓаат во непосреден ризик, велат од ОРМ.

Организацијата на работодавачи на Македонија, велат оттаму, уште од самиот почетокот на кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 даде свој придонес и ги застапуваше интересите на работодавачите преку учество во националниот Економско-социјален совет, националниот Совет за безбедност и здравје при работа и други тела,поднесе предлог мерки и активности до државните институции, се со цел полесно надминување на кризната состојба.

Значителен дел од предложените мерки од ОРМ биле прифатени од страна Владата и беа преточени во активни мерки и уредби. Економските последици, нагласуваат работодавачите, ќе се чуствуваат и во наредните години, но сепак со заеднички напори можеме да ја придвижиме економијата и да отвориме нови перспективи за развој на бизнисот во новата реалност.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com