Home » Дебатата за уставните заврши, гласањето одложено

Дебатата за уставните заврши, гласањето одложено

by Журнал.мк

Расправата по иницијативата за уставни измени заврши, гласањето ќе биде дополнително закажано. Власта немаше двотретинско мнозинство.

Образложувајќи ја иницијативата за уставни измени, премиерот Ковачевски рече дека никој не може да го загрози македонскиот народ, ниту има диктат од кого било. Ова е македонски предлог, поддржан од ЕУ за наше добро, порача премиерот од собраниската говорница. Шефот на владата дециден дека промената на Уставот има само една цел, влез на земјата во Европската унија, отфрлајќи ги како што рече лажните тези дека постои диктат од кого било, за што било. Им порача на пратениците дека нови барања нема, билатералните прашања не се пречка во натамошното исполнување на условите за влез во ЕУ и ново вето нема да има.

Од ВМРО-ДПМНЕ со веќе одамна познатиот став. Нема уставни измени под бугарски диктат. Според партијата, отворањето на Уставот се коси со европските вредности. Побарани предвремени избори. Од владејачкото мнозинство пак, порака за обединување за да не се испушти шансата за влез во европското семејство.

И пратениците од другите партии од албанскиот блок со различни ставови, дали се потребни или не уставни измени.

За утврдување на дневниот ред, „за“ гласаа 70 пратеници, а „против“ беа 47.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk