37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

ДЕА ќе продолжи со ликвидација на нарко групите во Македонија

Најчитани вести

Продолжуваме со поддршката за Северна Македонија во детектирање, спречување и ликвидација на организациите кои се занимаваат со тргување со дрога, изјавија синоќа за МИА од Американската служба за борба против дрога (ДЕА).

ДЕА потврди дека службеници на агенцијата се вклучени во истрагата на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција околу заплената на 200 килограми марихуана во петокот од страна на полицијата. Пазарната вредност на запленетото наркотично средство на црниот пазар е речиси еден милион долари.

Од ДЕА не сакаа да коментираат за текот на истрагата и за осомничените лица вклучени во организацијата на неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Полициската акција беше изведена во петокот попладне кога на патот Прилеп-Росоман, полициските тимови го пресретнале автомобилот„ауди А8“, во кој биле висок полициски функционер од Прилеп, и уште едно лице. Веднаш потоа е запрено патничко возило „дачија дастер“, во кое се превезувале две лица, а зад нив и комбе, во кое се наоѓала марихуаната спакувана во 40 картонски кутии во кои имало 400 полиетиленски пакувања.

ДЕА е служба во рамките на американското Министерство за правда.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести