Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, и воедно и дел од претседателството на ССМ, вечерва во 10МИНУТИ на ТВ21 кажа дека новиот закон за работното време е спорен и дека и натаму Синдикатот е на став дека не треба да се носи.
„Остануваме на тоа, тоа беше јасно кога се донесе првичниот закон кога излегоа со тој таен договор, кој никој го нема видено. Пет години преговараме за еден закон за работни односи, за сега да се прават измени со европско знаменце за да се зголеми работењето. Од синдикатот на градежни работници коментирајќи го законот кажаа дека работниците ќе ги остават животите на тие автопати, а нема да добијат ништо“, вели Деаноски.