1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Двојничката на Џенифер Анистон ги остави сите збунети – ги распознавате ли?

Најчитани вести

Лиза Транел објави видео на ТикТок поради кое сите мораа да погледнат двапати за да се уверат дека тоа не е навистина Џенифер Анистон. Која е девојката и дали навистина толку многу личи на познатата актерка?

Koja-e-devojkata-shto-ja-narekuvaat-dvojnicka-na-dzenifer-aniston-01.jpg

Лиза Транел на социјалните мрежи се појавува под псевдонимот @she_plusthree, а со својата иведба на улогата на Рејчел Грин од Friends ги збуни сите затоа што премногу наликува на познатата холивудска актерка што стана славна токму по таа улога.

Во виралното видео, Лиза изговара реплики од епизодата од 1997-мата година The One Where Chandler Can’t Remember Which Sister.

Дека таа е свесна колку многу личи на познатата актерка говори и фактот што до видеото таа ставила опис: „Ова не е Џенифер Анистон“

Сепак, во коментарите сите следбеници се збунети од тоа колку многу таа наликува на актерката што се прослави со улогата во Friends.

Koja-e-devojkata-shto-ja-narekuvaat-dvojnicka-na-dzenifer-aniston-02.jpg
Koja-e-devojkata-shto-ja-narekuvaat-dvojnicka-na-dzenifer-aniston-03.jpg

Видеото досега е погледнато над 4,4 милиони пати, а таа има околу 195 илјади следбеници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести