15 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Двојникот каскадер на Вин Дизел е во кома по повреда на снимањето на „Fast & Furious 9“

Најчитани вести

Двојникот касакадер на актерот Вин Дизел доживеа несреќа за време на снимањето на „Fast & Furious 9“ и се здоби со тешка повреда на главата.

Вин Дизел (52) бил видно вознемирен и едвај се воздржувал да не заплаче кога се случил инцидентот на снимањето во студиото Warnera Bros во Ливсден, Велика Британија.

Каскадерот и двојник на Вин Дизел, Џо Вотс, паднал на глава од висина од 9 метри и веднаш бил префрлен во болница. Има тешка повреда на главата и ставен е во вештачка кома. Неговата здравствена состојба е стабилна, но сепак неизвесна.

Вотс има работено како каскадер на бројни блокбастери, вклучувајќи ги „SpiderMan“ и „Star Wars“.

Снимањето на филмот „Fast & Furious 9“ е прекинато и отворена е истрага за инцидентот./kajgana.com/

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести