-5.2 C
Skopje
Monday, January 24, 2022

Двојна круна за „огнениот“ корејски модел

Најчитани вести

Набргу откако го прогласи за најдобар спортски автомобил (Top Gear’s Performance Car of the Year), популарниот магазин од островот на истиот автомобил му ја додели и титулата автомобил на годината.

Станува збор за Hyundai i20N, кој го продолжува патот по кој се движат Veloster и i30 N, како постари членови на семејството N. Откако победи 25 конкуренти на Speed ​​​​Week, i20 N очигледно целосно ги „маѓепсал“ новинарите на Top Gear, па на овој модел му е  доделена титулата Автомобил на годината.

„Веќе знаевме колку е брилијантен i20N откако победи 25 други натпреварувачи на неодамнешниот Speed Week и ја освои титулата Performance Car of the Year“, објаснува Џек Рикс, уредник на врвниот магазин и продолжува: „Но не можеш да ја освоиш нашата најзначајна годишна награда без да се докажеш во сите области… Она што го откривме е дека овој hot hatch e удобeн и на долги растојанија, дури и на нерамни патишта со лоша подлога. Малиот Hyundai го одработува тоа толку добро, а сепак надвор од својата комфор зона, па не можевме ништо друго освен да го прогласиме за автомобил на годината.

Hyundai i20 N е придвижуван од 1.6 турбо бензинец со 201 КС и 275 Nm, спарен со 6-степен мануелен менувач и предна електромеханичка блокада на диференцијалот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com