11 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Двоен напад во главната американска воена база Баграм во Авганистан

Најчитани вести

Најмалку еден човек загинал, а повеќе од 60 се повредени во експлозија на две автомобил-бомби во главната американска воена база Баграм во Авганистан, соопштија локалните власти и официјалните претставници на НАТО.

Двојниот напад доаѓа откако Соединетите Држави минатата недела ги продолжија разговорите со талибанците, по пауза од три месеци, кога американскиот претседател Доналд Трамп ги прекина преговорите за ставање крај на 18-годишната војна во Авганистан.

Засега никој не презел одговорност за експлозиите. Локалните власти соопштија дека и загинатиот и повредените биле Авганистанци. Локалните власти велат дека имало и судир со напаѓачите, кој траел околу 30 минути.

Од Мисија на НАТО соопштија дека нема жртви од нивната коалиција.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести