33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Дводневен состанок на шефовите на држави или влади на ЕУ

Најчитани вести

Лидерите на ЕУ ќе се состанат во Порто на 7 и 8 мај за да разговараат за социјалните прашања, пандемијата на ковид-19 и меѓународните односи. Разговорите на лидерите на ЕУ ќе се концентрираат на тоа како да се обезбеди инклузивно закрепнување со политичка акција на ЕУ. Лидерите ќе разговараат за спроведувањето на Европскиот столб за социјални права на ЕУ и на национално ниво, како што е утврдено со Стратешката агенда на ЕУ 2019-2024. Акциониот план претставен од Комисијата во март 2021 година дава насоки за спроведувањето на Европскиот столб за социјални права, вклучително и во областите на вработување, вештини и социјална заштита.

Акциониот план исто така поставува цели што треба да се постигнат низ целата Европска унија до 2030 година. Меѓу ни се: стапка на вработеност од најмалку 78% во Европската унија и намалување на бројот на луѓе изложени на ризик од социјално исклучување или сиромаштија. Лидерите ќе се фокусираат врз начините за создавање работни места и подобрување на квалитетот на работата, борба против сиромаштијата и социјалното исклучување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести