Home » Движење Беса: Што слави ДУИ?

Движење Беса: Што слави ДУИ?

by Журнал.мк

Економската криза со која се соочува државата е исклучително тешка, бидејќи секојдневно благосостојбата на граѓаните е на најниско ниво. Поскапувањето на нафтата, на храната, на струјата е товар за секое семејство во земјава. Покрај со оваа голема криза, Тетово деновиве се соочи и со елементарни непогоди, поројните дождови го блокираа градот и потшарпланинските села. Два дена по поплавите Тетово го зафати и црн чад како последица на големиот пожар кој избувна во магацин на фабрика во градот. По сите овие тешкотии и критични моменти, ДУИ смета дека е разумно да слави токму во Тетово, каде Владата во која е дел и ДУИ, не најде време да дојде и да види што се случува.

Што слави ДУИ во Тетово, поплавите што го зафатија градот или сакаат да слават што граѓаните ги испразнија фрижидерите? Или можеби го слават пожарот во фабриката? Не ви е срам што пред пејачите на кои ќе им бидат платени 8000 евра ќе ги извадите граѓаните кои немаат пари за основни потреби?

Секој разумен човек ќе размислеше да го откаже овој концерт, но очигледно нивните задоволства се пред граѓаните и нивните несреќи!

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk