17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Движењето на Навални ги обвини Гугл и Епл дека попуштиле пред уцените на Кремљ

Најчитани вести

Движењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа в затвор од јануари, денеска ги обвини Гугл и Епл дека попуштиле пред уцените на Кремљ со отстранување на апликацијата која овозможува организирање гласање против партијата на претседателот Владимир Путин.
– Денеска во 08,00 часот по руско време, Гугл и Епл ја отстранија нашата апликација „Навални“ од нивните продавници. Со други зборови, тие попуштија пред уцените на Кремљ, објави на социјалната мрежа Телеграм соработникот на Навални во егзил, Леонид Волков.

Со оглед на тоа што речиси на ниту еден противник на Кремљ не му е дозволено да учествува на парламентарните избори, опозицијата воспостави стратегија за „паметно гласање“ наменета да го поддржи кандидатот кој е во најдобра позиција за да ја порази владејачката партија Единствена Русија.

Апликацијата им овозможува на корисниците да знаат за кој кандидат да гласаат во својата изборна единица. Оваа стратегија имаше успех и претходно, особено во Москва во 2019 година.

Утрово, апликацијата повеќе не беше достапна во продавниците на Гугл и Епл во Русија.

Американските компании засега не ги коментираат наводите.

Во Русија денеска започнаа парламентарни и локални избори, со отворање на првите избирачки места на Далечниот Исток. Изборите ќе траат три дена, до 19 септември, со цел да се ограничи ризикот од епидемијата на коронавирусот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com