29.8 C
Skopje
Friday, July 23, 2021

Две хибридни варијанти на VW Golf

Најчитани вести

Во Volkswagen се чини решија да понудат две plug-in хибридни варијанти на следната генерација на Golf, стандардна и верзија фокусирана на перформансите, за поширок круг на потенцијални купувачи на оваа изведба на кралот во компактната класа…
Двете plug-in хибридни варијанти на осмата генерација на популарниот хечбек треба да ги задоволат потребите на они кои сакаат стандарден PHEV, како и за тие кои сакаат електрифициран автомобил со повеќе фокус на перформансите.

Френк Велш, член на одборот за истражување и развој на Volkswagen, изјави дека новиот Golf GTE со 241 КЅ ќе понуди повеќе системска моќност од својот претходник.

Вториот треба да биде PHEV верзија со моќност од 201 КЅ, односно со перформанси како својот претходник, но не под етикетата GTE.

„Актуелниот GTI е со 241 КЅ, што значи за GTE да е навистина GTE мора да доаѓа со истата бројка затоа за тие кои повеќе ја сакаат денешната plug-in хибрдна верзија, ќе понудиме варијанта со 201 КЅ, која доаѓа без GTE додатоците и едноставно личи на обичен Golf.“

Volkswagen ќе ја искористи осмата генерација на Golf за да го воведе моќниот 48V благ хибриден погон и новиот асортиман на микро-хибриди кои ќе вклучуваат верзии кои се напојуваат со компримиран природен гас.

Инаку,  целосно електрична верзија нема да ја има во понудата на Golf 8, бидејќи ќе го понуди новиот ID.3.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести