Home » Две седници на Законодавно-правната комисија на Собранието

Две седници на Законодавно-правната комисија на Собранието

by Журнал.мк

Во Собранието денеска две последователни седници ќе одржи Законодавно-правната комисија. На дневниот ред на 86-тата седница на Комисијата се предлог законите за парничната постапка и за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, двата во прво читање.

Во рамките на оваа седница треба да се разгледаат и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за концесиии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка, на Законот за трговските друштва, на Законот за јавни претпријатија и на Законот за државен пазарен инспекторат, трите во прво читање.

Членовите на Комисијата во рамките на 113-тата седница треба да расправаат за предлог законите за инспекциски надзор во животната средина, во второ читање, за граѓанска одговорност за навреда и клевета, во прво читање и за изменување на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, по скратена постапка, како и за две барања за автентично толкување на став 6 член 6 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, и на член 43 ставови (2) и (3) од Законот за вработените во јавниот сектор.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk