-1.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Две ракети експлодираа близу Амбасадата на САД во Багдад

Најчитани вести

Две ракети експлодираа во близина на Амбасадата на САД во Багдад. Странски дипломати известуваат дека биле вклучени и сирените за итни случаи, пренесува „Брејтбарт“.

Најновиот напад во рамките на затворената Зелена зона, во која се наоѓаат странски амбасади и згради на ирачката влада, доаѓа во време на зголемени тензии меѓу двата главни сојузници на Багдад, Техеран и Вашингтон.

Странски извор за безбедност во Зелената зона соопшти дека две ракети удриле близу до Амбасадата на САД, а трета паднала во реката Тигар, кон која гледа амбасадата .

„Едната удри на околу три метри во комплексот на амбасадата“, рече изворот.

Ирачки безбедносен извор потврди дека две ракети „катјуша“ експлодирале во близина на амбасадата нешто пред полноќ. Откриено е дека биле истрелани од областа во јужниот дел на Багдад, каде што се забележани ирачки паравоени сили. Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападите.

Последниот ракетен напад врз Зелената зона во Багдад се случи на 19 мај, само неколку дена откако САД најавија заминување на целиот несуштински дипломатски персонал од Ирак. По неколкудецениските конфликти, Ирак уживаше во период на релативна стабилност откако прогласи победа над џихадистичката група Исламска држава кон крајот на 2017 година. Во знак на подобрена безбедносна состојба, ирачките власти од минатата година работат на олабавување на безбедносните ограничувања околу Зелената зона.

Бетонски заштитни ѕидови се отстранети и дозволен е сообраќај низ зоната за првпат по повеќе од една деценија, но американската амбасада останува една од најбезбедните области во зоната.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com