21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Две приватни клиники се вклучуваат во борбата со Ковид-19 во Атина

Најчитани вести

Поради зголемениот број новозаразени и хоспитализирани и поради големиот притисок врз здравствениот систем во областа Атика, поширокиот регион на Атина, две приватни клиники се вклучуваат во борбата со Ковид-19.

Атинските приватни болници, како што утрово соопшти министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, целосно ги отстапуваат нивните клиники, во рамките на владиниот план за вонредни потреби.

Од четврток двете клиники, комплетно, со целокупниот персонал и доброволно ќе му бидат на располагање на државниот здравствен систем и ќе примаат пациенти со Ковид-19.

-Министерството за здравство направи, прави и ќе продолжи да прави што се што е неопходно за никој наш сограѓанин да не остане без медицинска нега, истакна Кикиљас соопштувајќи го вклучувањето на приватниот сектор во битката со коронавирусот.

Капацитетите на одделите за интензивна нега во атинските државни болници се над 90 отсто исполнети.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести