Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во третото коло на турнирот во Словенија (Оточец). Ѓорческа немаше проблеми и за еден час игра ја совлада словенечката тенисерка Пиа Ловриќ со 2:0 во сетови. Во двата сета македонската тенисерка беше подобра со по 6:4.
Ѓорческа во последниот период игра во добра форма, а доказ за тоа е и последниот напредок на ВТА листата за осум позиции, сега се наоѓа на 252. место.