17.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Две недели молк за бегството на Мијалков, дали намалувањето на казната на Мијалков е дел од договорот со Заев?

Најчитани вести

Поминаа две недели од бегството на Сашо Мијалков, а органите на прогонот и јавното обвинителство се уште не открија каде беше и кој му помогна на Мијалков да се сокрие два дена. Две недели се чекаат одговори на прашањата за кој целата јавност е заинтересирана. Дали министерот за правда Маричиќ знаел дека Мијалков ќе побегне и ја криел информацијата?

Дали Мијалков избегал во Србија и од таму се пазарел со Заев за после два месеца да излезе од затвор? Дали Мијалков е донесен пред јавното обвинителство со службено возило на владата на Македонија? Дали во целото ова сценарио при појавувањето пред јавното обвинителство е вмешана и Вилма Русковска?

Вчера беше соопштено дека едно од делата на пресудата за обвинетиот Сашо Мијалков застарува, и неговата казна ќе биде намалена за 3 години. Дали и ова е дел од договорот на крими коалицијата Заев – Мијалков? Режијата на ова сценарио е јавно позната, коалицијата на криминалот беспрекорно функционира. Кризата која сакаше Зоран Заев да ја направи во ВМРО-ДПМНЕ не успеа и планот на Заев пропадна.

Затоа Македонија е хибриден режим според реномираниот „Економист“ и сме на 111-то место на скалата „Транспаренси Интернешнл“ по корупција. Со Зоран Заев секој ден Македонија ќе тоне се повеќе.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com