1.8 C
Skopje
Friday, January 27, 2023

Две мртви тела пронајдени во некогашната вила на Версаче

Најчитани вести

Безживотни тела на двајца мажи беа пронајдени во хотел на Флорида (САД), којшто некогаш беше вила во сопственост на модниот дизајнер Џани Версаче.

Собарка ги пронашла телата. Полицијата во Мајами Бич започна истрага. Причината за смртта, мотивите и идентитетот на жртвите сѐ уште не се откриени.

Инаку, денеска се одбележува 24-годишнината од убиството на модниот дизајнер Џани Версаче. Тој беше убиен пред прагот на својот дом во Мајами Бич, 1997 година, од серискиот убиец Ендрју Кунанан.

Вилата каде што беа пронајдени телата – „Каза казуарина“ е изградена 1930 година, а Версаче ја купи во 1992 година. Таа е хотел од 2015 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести