Home » Две жртви и 10 ранети при пукање во ноќен клуб во Сидар Рапидс, во САД

Две жртви и 10 ранети при пукање во ноќен клуб во Сидар Рапидс, во САД

by Журнал.мк

При пукање во преполн ноќен клуб во Сидар Рапидс во американската држава Ајова, две лица загинаа, а 10 се ранети, соопштија локалните власти.

Шефот на полицијата во градот, Вејн Џерман изјави дека според истражителите, двајца мажи пукале од автоматско оружје во ноќен клуб околу 1.30 часот по локално време.

Како што тој појасни, полицајците, кои биле во близина поради друг инцидент, ги пронашле жртвите додека од 100 до 150 лица бегале.

Убиени се едно машко и едно женско лице, а еден од ранетите е во критична состојба.

Полицијата е во потрага по осомничените.

Шефот на полицијата истакна дека сè уште не е утврден мотивот за пукањето. Но, истражителите веруваат дека мета била една од жртвите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More