Home » Две девојки се тешко повредени при судир на патничко возило и полициска „шкода јети“

Две девојки се тешко повредени при судир на патничко возило и полициска „шкода јети“

by Журнал.мк

Две девојки се тешко повредени во сообраќајка што се случила ноќеска во Гостивар помеѓу полициско возило „шкода јети“, сопственост на МВР, и патничко возило „пасат“, со гостиварски регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила на крстосницата меѓу улиците „Седек Костоски“ и „Б. Блажески“ во 04:20 часот. Во полициското возило се превезувале двајца полициски службеници, додека во „пасатот“, управуван од Б.Л. (21) од Гостивар, сопатнички биле М.К. (21) и М.Д. (21), двете од Гостивар.

Во несреќата, М.К. и М.Д. се здобиле со тешки телесни повреди, а другите тројца учесници со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Известени се јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди, а увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More