Home » Две години од смртта на Драган Вучиќ

Две години од смртта на Драган Вучиќ

by Журнал.мк

На денешен ден пред точно две години почина еден од најпознатите водители во Македонија, Драган Вучиќ по тешката битка со коронавирусот.

Драган Вучиќ е роден во 1955 година и беше среќно оженет. Неговата сопруга Весна е ќерка на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасоски, додека син му Мартин е пејач и директор на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“.

Во неговата биографија ќе бидат запишани многу телевизиски проекти кои ги сработил, а особено ќе биде запаметен кога пред 20 години го создаде шоуто „Вашите 5 минути“ – емисија во која се пријавуваа луѓе од целата земја и сакаа да ги покажат своите вокални способности. Драган честопати во интервјуа знаеше да каже дека ние сме биле први во регионот кои сме смислиле едно такво големо музичко натпреварување.

Потоа низ годините следуваа уште многу други емисии во кои гости му беа најголемите ѕвезди од поранешна Југославија, бидејќи Драган беше голем пријател со многу од нив.

Но не само емисиите со кои многу генерации израснаа. Драган остави и голем белег во македонската музичката поп и фолк сцена. „Каде и да одам“, „Твојте очи шараат“, „Ника, Ника, Марика“, „Кате мори Кате“ и многу други композиции се само дел од неговиот музички опус.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More