24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Двејн Џонсон стана најплатен актер на светот

Најчитани вести

Двејн Џонсон е прогласен за најплатен актер на светот, според годишната листа што ја објавува магазинот „Форбс“. Тој се проби од второто на првото место иако неговите примања се намалиле за цели 30 милиони долари во споредба со претходното рангирање.

Популарниот Д Рок заработил 89,4 милиони долари минатата година, наспроти заработката од 119 милиони во 2017. За својот нареден филм „Џуманџи: следното ниво“ тој ќе добие чек од 23,5 милиони долари. Ланскиот број еден Џорџ Клуни целосно испадна од топ-10.

„Форбс“ не ја зема предвид само заработката на актерите од филмовите, туку и од други извори, како рекламни договори и бизнис зделки.

На второто место се искачи Крис Хемсворт, кој се прослави со улогата на Тор во серија филмови на „Марвел“. Неговата заработка изнесува 76,4 милиони долари.

Најголемото изненадување на годинашната листа е боливудската ѕвезда Акшај Кумар, кој со заработени 65 милиони долари се наоѓа на четвртото место.

ДЕСЕТТЕМИНА НАЈПЛАТЕНИ АКТЕРИ ЗА 2018:

  • Двејн Џонсон – 89,4 милиони долари
  • Крис Хемсворт – 76,4
  • Роберт Дауни Џуниор – 66
  • Акшај Кумар – 65
  • Џеки Чен – 58
  • Бредли Купер – 57
  • Адам Сендлер – 57
  • Крис Еванс – 43
  • Пол Рад – 41
  • Вил Смит – 35./smart.sdk.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести