-1.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Два трупа пронајдени во Скопје

Најчитани вести

Два човечки трупа се пронајдени на две различни локации во Скопје.

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во објект во изградба на улица „Орце Николов“ во Скопје бил пронајден починат В.Љ.(40) од скопската населба Илинден, вработен во градежна фирма од Скопје.

Како што информира МВР, смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје и Трудов инспектор. По наредба на Јавен обвинител, на телото на починатиот била извршена обдукција, по што било предадено на семејството за погреб.

Во вториот случај, пак, било пронајдено тело на починато лице во скопското село Орман, во близина на реката Лепенец, на место викано „Лески“.

Случајот вчера бил пријавен во СВР Скопје. Полициски службеници извршиле увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести