13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

Два напади на кучиња скитници врз граѓани во Кичевско

Најчитани вести

Во Кичевско во текот на вчерашниот ден се регистирнаи два напади на кучиња скитници врз граѓани, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Во текот на вчерашниот ден на територија на Општина Кичево се регистрирани два напада врз луѓе од кучиња скитници. Првиот напад се случил во село Лисичани каде настрадал А.С.(49), кој бил нападнат во близина на селскиот стадион. Вториот напад се случил во кругот на РЕК „Осломеј“ каде бил нападнат Ј.Ч.(43) од село Црвивци, рече портпаролот Димооски.

Од Кичево или околните села речиси секојднево стигнуваат информации за регистрирани напади од кучиња скитници врз недолжни граѓанини, при што често се случува жртвите да се здобија и со потешки повреди.

Повеќето напади завршуваат само со информација, но се почесто овие напади имаат судска разрешница, а граѓаните добиваат материјален надомест за претрпената штета која може да изнесува и повеќе стотини евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести