19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Два клуба ќе се борат за потписот на Халанд

Најчитани вести

Ерлинг Халанд ќе го напушти Дортмунд по завршувањето на сезоната. Прашање е само каде Норвежанецот ќе ја продолжи кариерата. Голем број на медиуми, повикувајчи се на изјавата на неговиот менаџер, Мино Ракола, пишуваат дека битката за неговиот потпис ќе ја водат два клуба, Челси и Барселона.

Наводно, Рајола, му ветил на менаџерот на Челси, Томас Тухел дека може да го добие Халанд за 150 милиони евра. Секако за да дојде до можност да го реализира трансферот, Челси ќе мора да избори пласман во Лигата на шампионите.

Доколку тоа не се случи, Халанд ќе им биде понуден на Барселона. Прашање е само каде Барселона ќе најде толку пари за да го реализира трансферот, во ситуација кога клубот има огромни долгови и кога приоритет е да потпише нов договор со Лионел Меси.

Рајола, според медиумите, ја исклучил можноста Халанд да заврши во Баерн Минхен или Манчестер јунајтед.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести