23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Два документарци и две дебија меѓу 15-те кандидати за Златна Мечка на Берлинале

Најчитани вести

Два документраци и две дебија се меѓу 15-те кандидати за престижната Златна мечка на Берлинале, во селекцијата што денеска ја објави фестивалот. Во селекцијата повеќето автори веќе биле на Берлинале, а се враќаат со новите филмови и наградуваните автори Хонг Сангсоо, Селин Шама, Раду Јуде.

Документарците се германскиот „Г-ѓа Бахман и нејзиниот клас“ на Марија Шпет и мексиканскиот „Полициски филм“ на поранешниот лауреат Алонсо Руизпаласиос. Дебијата се германскиот „До врата“ на Даниел Брил и унгарскиот „Природна светлина“ на Денес Наги.

Хибридниот документарец „Полициски филм“ на поранешниот лауреат Алонсо Руизпаласиос е дел од селекцијата. (Фото: Берлинале)

„Ако селекцијата нуди слика за филмот каков што е и каков што ќе биде, можеме да кажеме дека нарушувањето што го донесоа настаните во 2020 ги натера филмаџиите да ја искористат оваа ситуација и да создадат длабоко лични филмови. Оваа селекција е помала по бројност, но многу густа по содржина и стил“, рече уметничкиот директор Карло Катријан претставувајќи ја годинешната селекција.

Филмовите се разновидни и по жанр и по формат и директно засегаат релевантни теми. Во селекцијата се филмови од 16 земји, меѓу кои по два германски и два унгарски, а ќе се прикажуваат онлајн за филмски професионалци, додека жирито составено од поранешни добитици на Златната мечка ќе ги гледа в кино во Берлин.

Првиот дел на годинашниот фестивал ќе оди онлајн од 1-5 март, а се планира и втор дел од 9-20 јуни, кога филмовите ќе играат во кината низ Берлин.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести