24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Двајца скопјани сами фалсификувале ПЦР тестови, паднаа на Табановце

Најчитани вести

Синоќа во 22.50 часот од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, биле откриени две лица, Т.Х.(23) и Т.Х.(20), двајцата од Скопје, кои при гранична контрола на излез од државата приложиле фалсификувани ПЦР тестови.

Тие во службен разговор признале дека фалсификуваните ПЦР тестови ги направиле сами. Од страна на полициски службеници ПЦР тестовите биле одземени, а на пријавените не им бил дозволен излез од државата.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави согласно член 378 и член 206 од Кривичниот законик.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com