21.8 C
Skopje
Wednesday, May 25, 2022

Двајца раководители за безбедност го напуштија Twitter

Најчитани вести

Twitter Inc вчера соопшти дека нејзиниот шеф за безбедност повеќе не е во компанијата и дека главниот шеф за безбедност на информации ќе замине во наредните недели.

Промената доаѓа откако ко-основачот на Twitter, Џек Дорси во ноември се повлече од функцијата извршен директор, предавајќи му ги уздите на првиот заменик Параг Агравал, кој оттогаш ја реорганизира раководната структура на компанијата за социјални медиуми.

Twitter не прецизира дали заминувањата биле доброволни.

Пејтер Затко, познатиот хакер пошироко познат како „Маџ“,е назначен за шеф на безбедноста во 2020 година, откако Twitter претрпе безбедносно нарушување што им овозможи на хакерите да твитуваат од сметки на јавни личности, вклучувајќи ги милијардерот Бил Гејтс и извршниот директор на Tesla, Eлон Маск.

„Њујорк тајмс“ првпат вчера објави за заминувањето на Затко и претстојното заминување на Ринки Сети. Затко и Сети не можеле веднаш да бидат контактирани за коментар за Ројтерс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com