16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Двајца пациенти загинаа во пожар во ковид болница во Романија

Најчитани вести

Двајца пациенти загинаа, а медицинска сестра е повредена во пожар во ковид болницата во Плоешти, централна Романија, соопштија официјални лица.

Пожарот кој брзо бил изгаснат зафатил една соба, а 15 пациенти кои биле згрижени во крилото на болницата и биле загрозени од пожарот се префрлени во друга болница, јавуваат агенциите.

Ова не е прв фатален пожар во романските болници оваа година, откако во октомври седум лица починаа на одделението за интензивна нега во ковид болница во Констанца на истокот од земјата, додека четворица пациенти починаа во Букурешт во февруари.

Во ноември минатата година, 10 лица загинаа во пожар на интензивна нега во болница во градот Пијатра Неамт.

Оттогаш, официјалните лица почнаа редовни проверки на снабдувањето со кислород и дозволите за пожари во болниците.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com