23 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Двајца кумановци заработија кривични пријави поради трговија со наркотици

Најчитани вести

Куманово, 23 октомври- СВР Куманово на 22.10.2019 поднесе кривична пријава против Е.Г.(37) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 20.08.2019 околу 21.20 часот полициски службеници извршиле преглед над него и на патничко моторно возило „југо“, со кумановски регистарски ознаки, со кое тој управувал, при што пронашле и одзеле амфетамини.

Другата кривична од СВР Куманово е поднесена на 22.10.2019, против Б.А (36) од Куманово, поради постоење сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 09.05.2019 околу 18.15 часот, полициски службеници при преглед на Б.А, пронашле и одзеле амфетамини и таблетки метилен – диоксиметамфетамин.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести