Тетово, 18 ноември– На 17.11.2019 во 19.15 часот во атар на с.Јажинце, тетовско, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Рогачево ги лишиле од слобода С.М.(28) и С.В.(21), двајцата од Р.Косово, кои незаконски ја преминале државната граница помеѓу Р.Косово и Р.С.Македонија.
Тие биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.