Home » Двајца загинати при тест возење на Нирбургринг

Двајца загинати при тест возење на Нирбургринг

by Lina Muslija

На службено тест возење на Нирбургринг загинаа две лица. Од дирекцијата на тркачката патека соопштија дека „возило што учествувало во пробните возења, без вмешување друго возило излетало од патеката во делот на ‘тиргартен’“. Во тешката незгода две лица го загубиле животот.

Според извештајот, двете лица излетале од возилото. Станува збор за вработени во компанијата за производство на гуми Goodyear. Оттаму исто така излегоа со соопштение, потврдувајќи ја незгодата. „Длабоко сме потресени од тоа што двајца вработени, жители на Луксембург, го загубија животот на 9-ти август, во автомобилска незгода на една тест патека во Германија“. Компанијата ќе помага во утврдувањето на причините за незгодата.

Покрената е истражна постапка за двајцата загинати

Производителот на спортски автомобили Porsche AG потврди за германските медиуми дека возачите при незгодата возеле автомобил од марката. Од компанијата искажуваат длабоко жалење за трагичната незгода и сочувствуваат со семејствата на загинатите.

„Во моментов можеме само да потврдиме, дека возилото во незгодата е модел од нашата марка“, соопштуваат од Цуфенхаузен. „Ние не ги вршевеме тест возењата и не сме сопственици на возилото.“

Според наводите од Министерството за внатрешни работи, незгодата се случила на затворената патека за службено користење, а не на делот од патеката што е достапен за јавноста. Нејасно е што било тестирано.

Покрената е истрага за смртен случај и тоа е стандардна постапка. Од полициско гледиште, патеката не е јавно достапен простор за сообраќај. Поради тоа не се постапува како во „класична сообраќајна незгода“.

Ретки се незгодите кај професионалните возачи

При тест возењата на Нирбургринг од страна на компаниите се ангажираат исклучиво искусни и професионални тест возачи. Исклучително ретко доаѓа до незгоди со повредени лица.

При таканаречените туристички возења, според Полицијата лани имало 77 незгоди, а едно лице загинало. Во моментов се затворени сите тест возења на Нирбургринг.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More