-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Двајца дипломати не го поминале ветингот во МНР, ќе останат без работа, најави Османи

Најчитани вести

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната прес-конференција како портпарол на ДУИ, ги соопшти првите резултати од ветингот во МНР којшто го најави, изјавувајќи дека „се работи за проблеми напластени 30 години кои се обидува да ги разреши“ и кажа дека двајца дипломати не го поминале ветингот.

„Констатирано е дека кај едно лице при проверка на неговиот безбедносен статус одбиено му е барањето за издавање добивање на безбедносен сертификат но не е поврзано со ерменскиот случај. Според тоа, тој не го поминал првиот филтер за ветинг. При проверка за евентуална оправданост за причините за одбивањето не добив конкретно образложение и на ова лице му се ограничува пристапот до податоците на МНР, а почната е и процедура за прекинување на работниот однос во МНР. Дополнително е утврдено дека друго лице користело несоодветен сертификат, а при негово барање да обезбеди соодветен сертификат исто така бил одбиен. Според тоа и овој вработен не го поминува првичниот ветинг и за него почнува процедура за прекин на работниот однос во МНР“, изјави Османи.

Како што кажа на прес-конференцијата, во рамките на темелните проверки констатирано е дека дополнителни шест лица пропуштиле навремено да побараат обнова на своите безбедносни сертификати и во моментов тие им се истечени.

„Од денес и на овие шест лица привремено им е ограничен пристапот до информации и податоци во МНР. Овие лица не се одбиени при проверката и соодветно на укажувањата дека може да се работи за технички превид, даден е рок од 7 дена да ја исправат оваа грешка и да побараат соодветна сертификација. По изминување на рокот поединечно ќе се разгледува статусот на првичниот ветинг за секој од нив и соодветно на наодите ќе се одлучува укинување на ограничувањето и нивно целосно враќање на работните обврски или започнување на процес за прекинување на работниот однос во зависност од тоа како тоа ќе се одвива“, рече Османи.

Од аспект на поширокиот пристап до безбедносни сертификати за вработени, околу 500 вработени се во постапка им е сертификација и има вкупно 116 вработени кои што навремено поднеле барање за обновување на безбедносните сертификати. Инаку правило е шест месеци пред истекување на сертификатот да се аплицира со цел да нема јаз за тоа дали има вработениот безбедносен сертификат.

„Овие 116 апликанти за безбедносни сертификати сѐ уште чекаат одговор од надлежните институции. Со оглед на доцнењето на одговорот меѓу овие 116 се наоѓаат 61 чии безбедносни сертификати се истечени, а додека на останатите 55 вработени наскоро им истекува. Со оглед на фактот што овие вработени навремено ги имаат поднесено барањата за продолжување на важноста на безбедносниот сертификат и во меѓувреме не се одбиени од страна на безбедносните служби тие претставуваат безбедносно сигурни вработени и слободно може да ги извршуваат своите обврски во рамки на МНР“, изјави Османи и апелираше до безбедносните служби да ја засилат ова активност со цел да се зголеми довербата во безбедносниот систем, но и во дипломатијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com