17.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

Двајца дебитанти на списокот на Благоја Милевски

Најчитани вести

Cелекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство во 2021 година против Шпанија (14. ноември) и Фарски Острови (19. ноември).

На списокот што го објави селекторот има двајца дебитанти, Сефер Емини од Македонија Ѓ.П. кој е стандарден во својот клуб, односно Адријан Хајдари од Рапид кој веќе има настапи за македонската селекција до 17 и 18 години, како и еден натпревар за репрезентацијата на Австрија до 19 години.

„Не очекуваат два исклучително тешки натпревари, Шпанија е фаворит во нашата група и не треба да трошиме зборови за квалитетите на шпанската селекција. Ние максимално ќе се сконцентрираме на она како ние треба да изгледаме на терен и како треба да ги одиграме двата натпревари. Всушност, наша примарна работа и задача во селекцијата е да создаваме играчи кои ќе бидат конкурентни во европски рамки и способни да се спротивстават на секого без разлика со кои се соочуваат. Јас ќе бидам најсреќен ако и од оваа репрезентација создадеме профили на играчи кои во иднина ќе бидат подготвени за предизвиците кои ќе ги очекуваат во А репрезентацијата. Единствениот императив кој мораме да го имаме е како да се даде максимумот за време на подготовките и натпреварите. Ме радува тоа што од натпревар во натпревар созреваме како тим, како ментално, така и тактички“, изјави селекторот Милевски.

Младата репрезентација подготовките ќе ги спроведе во Шпанија, ќе бидат во Алкоркон од 11 ноември до натпреварот со Шпанија.

Списокот на Милевски за натпреварите со Шпанија и Фарските острови:

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести