23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Двајца возачи тешко повредени во сообраќајка во Кондово

Најчитани вести

По сообраќајка на патот с.Кондово-с.Радуша двајца возачи биле повредени и пренесени во Градската болница. Според пријавеното, вчера во 21,30 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Кондово-с.Радуша се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд мондео“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(36) од с.Радуша, скопско и патничко моторно возило „венто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Љ.(28) од с.Сарај, скопско.

По незгодата сопатникот од патничко моторно возило венто- И.Љ.(52) од с.Сарај, и возачот на патничко моторно возило форд мондео – Б.А. биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде кај И.Љ. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Б.А. биле констатирани повреди.

На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести